Достапни линкови

logo-print
Обединетите нации соопштија дека бунтовниците во Конго по неколкудневна борба ја презедоа контролата врз источниот град Китчанга. Заменик портпарол на ОН Едуардо Буеј изјави дека Алијансата на патриоти за слободен и суверен Конго ја презедоа котролата врз градот кој се наоѓа во провинцијата во неделата. Тој изјави дека при борбите загинале најмалку 80 луѓе, а 100-тина се ранети и над 300 се раселени.
Битките доаѓаат по една недела откако регионалните африкански лидери потпишаа договор во посредство на ОН за окончување на конфликот во источниот дел на Конго. Во меѓувреме во соседниот град Гома исто така имаше борби при што загинаа најмалку девет луѓе.
XS
SM
MD
LG