Достапни линкови

Чешкиот претседател Вацлав Клаус обвинет за предавство


Чешкиот претседател Вацлав Клаус

Чешкиот претседател Вацлав Клаус

Горниот дом на чешкиот парламент гласаше претседателот во заминување Вацлав Клаус да биде симнат од функцијата поради предавство. Во одлуката на чешкиот сенат во кој доминираат левичарските политички противници на Клаус е повикан Уставниот суд да се изјасни дали Клаус го прекршил Уставот со тоа што гарантирал широка амнестија во јануари. Исто така е ставен под знак прашалник неуспехот на претседателот да потпише одредби во законите и неназначувањето на нови судии.
Доколку Клаус биде обвинет може да му биде забрането да се кандидира повторно на функцијата и да се соочи со финансиска казна.
XS
SM
MD
LG