Достапни линкови

Партиите ја започнуваат кампањата за локалните избори


Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” ја стартуваат предизборна кампања вечерва од плоштадот во Охрид. На митингот ќе бидат промовирани кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески, неговата програма и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери.
СДСМ ја започнува кампањата за локални избори со митинг во Струмица. На митингот ќе се обратат кандидатите за градоначалници на општина Василево, Васил Коцев, кандидатот за општина Босилово, Жан Зимбаков и кандидатот за општина Ново Село, Петар Спасов. На митингот ќе се обрати и Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов и кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев. На крајот ќе се обрати и лидерот на Сојузот за иднината, Бранко Црвенковски.
ДПА кампањата ќе ја започне вечерва во Кондово, а специјален гостин на презентацијата на кандидатите на партијата ќе биде лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.
ДУИ вчера на Централна изборна конвенција на партијата во Гостивар ги претстави своите кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори.
XS
SM
MD
LG