Достапни линкови

Критика од ЕУ за македонските затвори


Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во посетата на затворот во Прилеп.

Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во посетата на затворот во Прилеп.

Евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав смета дека македонските затвори се пренаселени, а недостигаат и човечки и финансиски ресурси за успешно спроведување на реформите.

Македонските затвори се пренаселени во просек за 25 отсто, а недостигаат и човечки и финансиски ресурси за успешно спроведување на реформите и усогласување на македонскиот со европскиот затворски систем. Ова се дел од забелешките на евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, којшто ги истакна при презентација на проектот „Социјална инклузија на лицата што издржале затворска казна“ што невладината организација Центар за граѓански иницијативи, го реализира со европски пари.
Македонскиот затворски систем е сериозно, лошо финансиран и со недостиг на персонал, лошото менаџирање, лошите материјални услови, ограничената здравствена заштита, недостигот на образовни и рехабилитациски активности посебно за малолетниците и недостигот на независен инспекциски механизам, со цел да се адресираат прекршоците и да се казнат виновниците, се значајни прашања кои треба да се адресираат.

„Македонскиот затворски систем е сериозно, лошо финансиран и со недостиг на персонал. Лошото менаџирање, лошите материјални услови, ограничената здравствена заштита, недостигот на образовни и рехабилитациски активности, посебно за малолетниците, и недостигот на независен инспекциски механизам, со цел да се адресираат прекршоците и да се казнат виновниците, се значајни прашања кои треба да се адресираат“, посочи амбасадорот Орав.

Тој ја истакна поддршката на Европската унија преку своите финансиски инструменти.

Според надлежните од Управата за извршување санкции, во тек се реформските зафати во затворскиот систем. Во тие рамки се реновирани затворите во Прилеп, Штип, Идризово, Скопје, Куманово и воспитно-поправниот дом во Тетово. Оваа инвестиција во вредност од 52 милиони евра е реализирана со заем од европската банка за развој, но дел и од државниот буџет.
Имаме недостиг на кадар, тоа е една алка, второ треба да ги развиеме особено специфичните програми за работа, тука се вклучени и самите осудени лица, кои треба да ги мотивираме.

„Во изминатиот период преземавме многу активности за подобрување на сите аспекти на пенесенцијалниот систем, како за подобрување на сместувачките капацитети и условите за престој на осудените лица, подобрување на легислативата, јакнење на капацитетите на затворскиот персонал и подобрување на процесот на ресоцијализација на осудените лица, за време на издржување на казната затвор, во затворските установи, така и за воспоставување на одржлива пробациска служба и практична имплементација на алтернативните мерки за казнување на слобода, односно од заедницата, вели Лидија Гаврилоска, директор на Управата.

Од Центарот за граѓански иницијативи, кој е имплементатор на проектот, посочуваат на потребата од синхронизирана активност на сите надлежни институции во државата, како услов за успешни реформи.
Во изминатиот период преземавме многу активности за подобрување на сите аспекти на пенесенцијалниот систем, како за подобрување на сместувачките капацитети и условите за престој на осудените лица, подобрување на легислативата, јакнење на капацитетите на затворскиот персонал и подобрување на процесот на ресоцијализација на осудените лица.

„Секторот за ресоцијализација и секторот за обезбедување остварија меѓусебна комуникација, тие ја имаат во самата казнено поправна установа, меѓутоа сега работевме на посуштинско разрешување на интерперсоналните конфликти, па каде што може веќе да зборуваме за изградени вештини за комуникација, кои се основни и појдовни за добра комуникација во затворот“, посочува Марина Ѓорѓиоска, од Центар за граѓански иницијативи.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, пак, се надеваат дека наскоро ќе се имплементираат новите законски решенија, па со зголемена контрола на социјалните работници, ќе има целосен увид во процесот на ресоцијализација на осудените лица.

„Донесен е законот за алтернативни мерки кои всушност значат ресоцијализација, односно замена за одредени санкции. Меѓутоа во наредниот период очекуваме Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа, да се изготви регистер на фирми кои ќе работат со ваквите лица, во центрите ќе имаат регистер каде да ги упатат“, оценува Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот центар.

Психолозите кои работат во затворите, пак, посочуваат на другите недостатоци на затворскиот систем.

„Имаме недостиг на кадар, тоа е една алка, второ треба да ги развиеме особено специфичните програми за работа, тука се вклучени и самите осудени лица, кои треба да ги мотивираме“, смета Лена Христовска, психолог во битолскиот затвор.

Се на се, досега како и да не се водела грижа за ресоцијализација на осудените лица, но сите проектни активности и реформски зафати, се очекува да ги поттикнат процесите. Во проектот на Центарот за граѓански инцијатици финансиран со европски пари се опфатени прилепскиот и битолскиот затвор од македонска и затворот во Корча од албанска страна.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG