Достапни линкови

Карзаи со критика до Пакистан за борбата против тероризмот


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи упати критика кон Пакистан, бидејќи земјата не направила доволно во борбата против тероризмот. Карзаи говорејќи по средбата со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Пакистан не преземал практични чекори за да му помогне на Авганистан да пронајде мирно решение за бунтот со талибанците.
Според него, неодамнешниот крвав напад против шиитските муслимани во пакистанските градови Куета и Карачи укажуваат дека ситуацијата е надвор од контрола и дека двете земји сега „горат во истиот оган“.
XS
SM
MD
LG