Достапни линкови

Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина


Дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина продолжува денеска во Брисел, во кабинетот на високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон. Главна тема на шестиот круг разговори е заедницата на српски општини во Косово, за што Белград бара да има извршни овластувања,а Приштина изрично го одбива. Ештон најпрво ќе се сретне одвоено со Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, а потоа се предвидени заеднички разговори.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ, по пристигнувањето во Брисел, се сретнал со заменикот-помошник на американскиот државен секретар Филип Рикер, кој изразил целосна поддршка на европските интеграции на Србија и на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Дачиќ во разговорот со Рикер истакнал дека е во интерес на Србија сите отворени прашања да бидат решени, но дека за компромис е неопходно постоење волја и желба на двете страни.
XS
SM
MD
LG