Достапни линкови

Опозицискиот сириски лидер ги посети бунтовниците


Прогонетиот сириски лидер Моаз Алкатиб беше во куса посета на бунтовничката област во северна Сирија. Алкатиб , претседател на Сириската национална коалиција влезе во северна Сирија вчера преку Турција и ги посети градовите Јараблус и Минбиј. Неговата посета следува по извештаите за тешки борби во неколку места , вклучувајќи го и северниот град Алепо и централниот град Хомс. Претходно, претседателот Башар ал Асад за „Сандеј тајмс“ изјави дека неговата влада е подготвена да разговара со борци кои ќе го положат своето оружје и дека нема да ја напушти земјата под меѓународен притисок.
XS
SM
MD
LG