Достапни линкови

Ден на жалост по вчерашното убиство во Пакистан



Денеска е тивко во најголемиот пакистански град Карачи еден ден по убиството на 45 лица во експлозија на автомобил бомба во шиитската област. Слаб сообраќај, затворени училишта, продавници и пазари го одбележуваат денот на жалоста што го објави локалната влада.
Експлозијата се случи вчера во близина на џамијата во шиитската област Абас во Карачи. Повредени се околу 150 лица во експлозијата која разурна две петкатни згради. Последната серија напади се случува во пресрет на општите избори во Пакистан.
XS
SM
MD
LG