Достапни линкови

Две прашања пред гласањето за нов шеф на ЦИА


Двајца влијателни сенатори од Републиканската партија изјавија дека сакаат одредени одговори од американската администрација на Барак Обама и дека нема да го поддржат изборот на Џон Бренан за директор на ЦИА додека не ги добијат. Сенаторите Линдси Грахам и Џон Меккејн бараат одговор на прашањата што се случило во текот на нападот на американскиот конзулат во Бенгази, во Либија, на 11 септември минатата година кога загинаа четворица американски државјани вклучувајќи го и американскиот амбасадор во Либија, како и во врска со методите на испитување и мачење во американските затвори.
Гласањето за Бренан за шеф на ЦИА треба да биде наредната седмица. Тој во моментов е советник на Обама за борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG