Достапни линкови

Децении за исправање катастарски грешки


Метеж во Катастарот во Куманово.

Метеж во Катастарот во Куманово.

Метеж во кумановскиот Катастар. Еден куп документација за докажување сопственост на имот, кој веќе еднаш бил внесен, но некој погрешил.

Со полни торби документација за докажување на сопственоста на имотот наследен од нивните претци, нервозни, вознемирени и револтирани речиси секојдневно дел од кумановци чекаат пред вратите на Одделението за катастар на недвижности. Некои од нив и по 13 годишна борба со администрацијата повторно се вратени на почеток.
Чекаме да ни се исправи документација, сега не сакаат да ги исправат, не тераат веќе три години по судски пат, да се изведе геометар да се исправи, а 1967 година било судски поделено.

„Чекаме да ни се исправи документација, сега не сакаат да ги исправат, не тераат веќе три години по судски пат, да се изведе геометар да се исправи, а 1967 година било судски поделено.“

„Исто и кај мене. Мојата куќа внесена на туѓо место, а патот го нема никаде, иако 13 куќи има на тој пат.“

„Јас имам проблем пет години. Од седум парцели е направена една, а три куќи се ставени под еден број. Такво нешто реално не постои. Неколку пати имам доаѓано и овдека и на Врховен суд сум. Уште претходниот директор ми рече да почнам судска процедура. И така пет години и пак ништо.“
Граѓаните и корисниците на нашите услуги да ги добиваат побрзо и поефикасно и ќе можат да ги гледаат на нашиот сајт детално. Процесот ќе трае две до три години, интензивно работиме и верувам дека граѓаните ќе имаат поквалитетна услуга.

„Ова е 13-та година, судот донесува одлука дека тие не се надлежни, потоа ми пресудува да платам казна од 12 илјади денари. Ја тужев државата и општината и добивам решение дека е на мојот комшија, а и тој тужел, па во истото решение и мене и него не одбиваат и уште да платам казна од 22 илјади денари за судски трошоци. Тринаесет години за моја лична татковина купена 1954 година“, се жалат кумановци кои не можат на ниту еден начин да ги исправат, според нив, грешките направени не по нивна вина.

Иако Агенцијата за катастар на недвижности веќе шеста година работи континуирано за надминување на проблемите на граѓаните, голем дел од нив сметаат дека се обесправени во докажувањето на нивниот имот.

Валентина Христова Стефановска од Агенцијата на катастар за недвижности вели дека на Деновите на катастарот стручните тимови од Секторот за внатрешна контрола и надзор се присутни во Куманово и подготвени се да се сретнат со граѓаните за надминување на нивните проблеми во катастарот.

„На Деновите на катастарот ќе видиме какви проблеми и дали тие проблеми се од катастарска природа. Граѓаните најчесто имаат незапишани права, не се јавиле на систематско бесплатно излагање, тие мислат дека сега ако дојдат ќе го решат проблемот. Во тој случај ги упатуваме своето право да го остварат преку елаборат во приватна геодетска фирма, а со елаборатот и со правниот основ да дојдат и да ја запишат недвижноста.“

Дејан Јовановски, раководител на Одделението за катастар на недвижности во Куманово, вели дека започнува дигитализација на аналогните катастарски планови.

„Граѓаните и корисниците на нашите услуги да ги добиваат побрзо и поефикасно и ќе можат да ги гледаат на нашиот сајт детално. Процесот ќе трае две до три години, интензивно работиме и верувам дека граѓаните ќе имаат поквалитетна услуга.“

Новина е новата услуга што значи дека општините, приватните геодетски фирми и нотарите ќе можат да издаваат имотни листови откако ќе потпишат договор со Агенцијата.

Иако Одделението за катастар во Куманово е едно од подобрите, сепак неколку илјади поднесени, односно запишани нерешени предмети укажуваат дека затаила нечија ажурност, невнимание или неодговорност.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG