Достапни линкови

Пантомимичарот Трајче Ѓорѓиев поканет на фестивал во Аргентина


Македонскиот актер и пантомимичар Трајче Ѓорѓиев.

Македонскиот актер и пантомимичар Трајче Ѓорѓиев.

Македонскиот актер Трајче Ѓорѓиев, по освојувањето на наградата „Најдобро движење“ на првиот Интернационален фестивал на монодрама, пантомима и кабаре „Златен рис“ во Бања Лука, во август годинава со „Човекот“ патува на слична голема манифестација во Аргентина.

По пет години од големото признание на директорите на фестивали на Манифестацијата одржана во Габрово, Бугарија, Трајче Ѓорѓиев за својата претстава-пантомима „Човекот“ ја освои и наградата „Најдобро сценско движење“ што ја додели стручното жири на штотуку завршениот прв Интернационален фестивал на монодрама, пантомима и кабаре „Златен рис“, што се одржа во Бања Лука, Република Српска.
Ова посебно ми е драга награда затоа што сепак терминот „најдобро сценско движење“ укажува на тоа дека пластичноста што ја поседувам, изразот на телото, кај членовите на жирито оставил посебен впечаток и ми се чини дека за мене можеби е повредна од главната. А, наградите ми се драги, тие можеби не се толку чести, но и јас во последно време не ги посетувам толку многу како порано фестивалите, така што, се надевам дека во иднина ќе има уште прилики за вакви признанија.

„Ова посебно ми е драга награда затоа што сепак терминот „најдобро сценско движење“ укажува на тоа дека пластичноста што ја поседувам, изразот на телото, кај членовите на жирито оставил посебен впечаток и ми се чини дека за мене можеби е повредна од главната. А, наградите ми се драги, тие можеби не се толку чести, но и јас во последно време не ги посетувам толку многу како порано фестивалите, така што, се надевам дека во иднина ќе има уште прилики за вакви признанија“, вели Ѓорѓиев.

Интересно е што македонскиот актер и пантомимичар неодамна добил покана од Меѓународниот фестивал „Ескобар Лерчунди мајмдејс“ во Буенос Аирес да настапи на оваа манифестација и тој во август годинава планира „Човекот“ го претстави и во Аргентина. Пантомимичарот истакнува дека вакво нешто досега не му се случило и дека се надева на мала помош од Министерството за култура на Република Македонија за реализација на ова свое претставување во Јужна Америка.

„Куриозитет е што досега вакво нешто не ми се случило. Претставата ќе треба да ја одиграм четири пати во два дена. Тоа значи дека интересот за тој фестивал и за оваа претстава би требало да биде голем затоа што луѓето кои го организираат си ја познаваат публиката и тие тамошни сладокусци на пантомимата ќе имаат прилика да уживаат како во мојата претстава, така и во сите оние што ќе бидат на репертоарот на фестивалот.“

Од друга страна, наспроти очекувањата, домашната публика се чини дека овојпат ќе мора да потпричека на новото издание на „ПАНФИЗ“, Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар, чиј иницијатор и еден од организаторите е токму Ѓорѓиев.

„Панфиз“ секогаш се одржуваше кон крајот на март и во почетокот на април месец, но оваа година од причина што во тоа време се локалните избори и поради тоа што многу е тесен временскиот период од известувањето на Министерството за култура дека „си добил некакви средства“ и терминот на организирање е прилично краток, решивме да го поместиме фестивалот од 1 до 6 октомври. Сепак, во тој период се случуваат и доста други културни, посебно музички манифестации, но мене ми се чини дека мерејќи ја тежината на другите настани тоа е идеален период за организирање на овој фестивал. Во преговори сме со неколку екипи, сè уште аплицираат за учество бројни театарски претстави од странство, конкурсот е отворен до 1 април и до почетокот на јуни би требало да знаеме кој се гости ќе ги имаме на шестото издание на „Панфиз“, вели тој.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG