Достапни линкови

Груевски на Црвенковски му посака нов мандат на чело на СДСМ


Премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски

Премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека овие локални избори ќе останат запаметени по настаните кои им претходеа, а кои ги осмисли шефот на опозицијата Бранко Црвенковски во јули, лани, заради личен интерес за да го избегне поразот на локалните избори и заминувањето од лидерската функција, а на штета на државата и на својата партија.
Тој на пораката на Црвенковски упатена од Куманово, минатата недела дека „а бил, а не бил, од него немало спас“, му одговори дека тој е политички противник кој само може да се посака.
Груевски му посака во мај да добие нов мандат на лидерската позиција на СДСМ, и оти како што вели, ќе се справат со неговиот нагон на правење штета на држвата, на што се навикнала и меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG