Достапни линкови

logo-print

Кери бара политички консензус од Египет


Американскиот државен секретар, Џон Кери е во посета на Египет во текот на која ќе ги повика раскараните египетски лидери и опозициски политичари да постигнат политички консензус кој ќе и овозможи на земјата да излезе од економската криза. Според американски официјални претставници, Кери е особено загрижен за продолжувањето на реформите во Египет со цел оваа држава да добие 4,8 милијарди долари од ММФ кои според некои мислења се неопходни за земјата да изгради цврста економска основа. Помошта од ММФ би ја ослободила и американската помош која на Египет му ја вети американскиот претседател Обама.
XS
SM
MD
LG