Достапни линкови

logo-print

Партијата на Јушченко замина во историјата


Партијата на поранешниот украински претседател, Виктор Јушченко, „Наша Украина“ се распушти. Одлуката е донесена на партискиот конгрес денеска во Киев. Нејзините основачки документи, печати и знамиња ќе му бидат предадени на Музејот на портокаловата револуција во киевската Академија Мохила. ЈУшченко беше поканет на конгресот, но тој не присуствуваше. „Наша Украина“ доби нешто повеќе од еден глас на изборите и не го премина изборниот праг за влез во парламентот.
XS
SM
MD
LG