Достапни линкови

Русија и Грузија ги затоплуваат односите


Русија и Грузија во последните месеци направија пробив во меѓусебните односи, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Заменикот на руското министерство за надворешни работи, Григориј Карасин вчера разговарал во Прага со специјалниот пратеник на грузискиот премиер во Русија, Зураб Абашиџем околу низа билатерални прашања. Двете страни биле задоволни од резултатите од состанокот, рекол Карашин, опишувајќи ја неговата средба со неговиот грузиски колега како „конструктивен“. Претставниците на Москва и на Тбилиси се договориле следната средба да ја одржат во мај.
XS
SM
MD
LG