Достапни линкови

Протести и контрапротести по изборот на Џафери


Во знак на поддршка на именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана пред Владата на РМ започна контрапротест откако вчера група млади протестираа против овој избор на Владата. Демонстрантите фрлаат камења кон Владата и извикуваат „УЧК, УЧК“ . Голем број полицајци ја обезбедуваат Владата.
Непосредно пред овој протест, своето незадоволство од именувањето на Џафери за нов Министер за одбрана го изрази и здружението Достоинство собирајќи ги своите приврзаници пред Собранието и говорејќи за несоодветноста на изборот на новиот министер.
XS
SM
MD
LG