Достапни линкови

Итна седница на Собранието за роковите за поднесување кандидатски листи


Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи итна седница на која на дневен ред се измени и дополнувања на Изборниот законик по итна постапка со кои се предвидува продлжување на рокот за доставување на кандидатски листи за советници и градоначалници за уште пет дена, односно определување на дополнителен рок до 8 март за поднесување на листи од страна на регистрирани политички партии или коалиции.

Овојпат Предлог- законот до Собранието е потпишан од пратениците од најголемите пратенички групи во Собранието. Најавено е дека денеска опозицијата ќе го прекине бојкотот на Парламентот и оти пратениците ќе се вратат на работа.

Потписи на овој предлог имаат ставено координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, заменик координаторот на СДСМ Весна Бендевска, координаторот на НСДП и ЛП Горан Мисовски и новиот координатор на ДУИ Неџати Јакупи.

Одржувањето на итната седница на Парламентот го најави вчера претседателот на Владата Никола Груевски во обраќањето до нацијата по разговорите и средбите со бриселската тројка и договорот со опозицијата за надминување на политичката криза во земјата.
XS
SM
MD
LG