Достапни линкови

Комисија ќе ги испитува седумте смртни случаи од грип


Првичните сознанија за седумте смртни случаи од грип се дека кај поголем број од нив не е навремено давано „Тамифлу“ иако пациентите биле во ризична група. Затоа е формирана Комисија за вршење на стручен надзор во однос на лекувањето на сите нивоа на заштита, од примарна до терцијална, за сите случаи што завршија со смртен исход.
Ова денеска го изјави Јованка Костовска, раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.
Грипот се уште е со висок интензитет, а минатата недела се пријавени околу 2.950 нови случаи. Досега се пријавени вкупно 13.860 случаи, а се очекува и во следните неколку недели да има грип со висок интензитет. Ги охрабруваме матичните лекари да го даваат лекот „Тамифлу“, бидејќи од сознанијата што ги имаме на терен тој е ефективен, ја подобрува клиничката слика на заболениот уште следниот ден и спасува живот посебно кај ризичните групи, рече Костовска.
XS
SM
MD
LG