Достапни линкови

Русија загрижена поради извештајот за смртта на посвоеното дете во САД


Куќата во која живее биолошката мајка на Максим Кузмин

Русија изрази загриженост поради заклучокот на извештајот на американската истрага дека посвоеното руско момче Макс Шато, родено како Максим Кузмин, починало во несреќен случај, од самонанесени повреди. Комесарот на руското министерство за надворешни работи за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов изјави дека смета оти резултатите од аутопсијата на тригодишното дете, кое почина во јануари, се некомплетни и побара од американските официјални лица да и ги достават на Русија потребните документи за да го проучи случајот.
XS
SM
MD
LG