Достапни линкови

logo-print

Инциденти низ центарот на Скопје по протестот пред Влада


Попладнево пред владата на РМ група млади, организирани преку социјалните мрежи протестираа против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана. Најнапред мирниот протест, излегол од контрола при што дошло до судир на полицијата со демонстрантите. Дел од учесниците во протестот, предизвикале инциденти фрлајќи камења и тврди предмети кон полициските службеници кои го обезбедувале протестот.
Како што информираат од МВР, распоредените полицајци пред Владата интервенирале, по што толпата е потисната, а инволвираните во инциднетите се разбегале првично кон плоштадот „Македонија“ и кон железничката станица.
Во инцидентите, според првичните информации неколку возила на полицијата се оштетени, а неколкумина полицајци се пожалиле на повреди здобиени во инцидентот.
Информациите од теренот велат дека неколку од учесниците на протестот продолжиле да се однесуваат агресивно, при што најверојатно се оштетени неколку приватни возила, демонстрантите каменувале и неколку автобуси.
Досега неколку лица се приведени, а полицијата активно на теренот работи за смирување на состојбата и за приведување на учесниците во инцидентите.
Според првичните информации на местото на инцидентот имало амбулатно возило - брза помош, а се уште не е потврдено дали има повредени лица.
XS
SM
MD
LG