Достапни линкови

60 години Радио Слобода


Радио Слободна Европа, Радио Слобода, денеска одбележа 60 години од основањето, со свечености во Вашингтон и во Москва. Имено, на први март 1953-та година, во време на студената војна, Радио Слободна Европа започна со емитување програма на руски јазик, наречена Радио Слобода и наменета за жителите на поренешниот Советски Сојуз. Целта беше граѓаните да добијат нецензурирани вести. Првиот поголем настан кој беше обработуван, беше смртта на Сталин на 5-ти март 1953-та. Денес, и по 60 години, Рускиот сервис на Радио Слободна Европа останува важен извор на точни и независни вести и информации.
XS
SM
MD
LG