Достапни линкови

logo-print

Груевски и Црвенковски постигнаа компромис


Опозицијата ќе учествува на локалните избори, кои ќе се одржат како што беше предвидено, на 24 март. Рокот за доставување на кандидатурите ќе биде продолжен уште пет дена, односно до 9 март, а за сметка на тоа кампањата ќе биде скратена за пет дена и, наместо 20, ќе трае 15 дена.

Тоа, е резултатот од долгите преговори на партиските лидери со еврокомесарот Штефан Филе.

Договорено е и да се одржат предвремени парламентарни избори, чиј термин треба да се договори најдоцна до 1 септември.

Ќе се формира и комисија за анализа ан настаните од 24 декември, со по двајца претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а чиј претседател треба да се избере со консензус меѓу партиите.

Еврокомесарот Штефан Филе на Твитер истакна дека е постигнат добар договор за Македонија и дека кризата е решена.

„Постигнат е договор за надминување на политичката криза, со што евроагендата се враќа повторно во приоритетите на земјата, потврди попладнево и претседателот Ѓорге Иванов по заедничката средба во вилата „Водно“ со европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Договорено е да се обнови политичкиот живот во земјата, сите политички партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на локалните избори. Веднаш треба да се формира заедничка комисија за расчистување на настаните во Собранието од 24 декамври.
XS
SM
MD
LG