Достапни линкови

Блогерот Адагамов се пресели од Русија во Чешка


Истакнатиот руски блогер и опозициски активист Рустем Aдагамов изјави дека ја напуштил Русија и се преселил во Чешка. Aдагамов, кој пишува под псевдонимот "Drugoi" (Другите), изјави дека тој секогаш сакал да живее во Прага и затоа изнајмил стан. Тој се смета како врвен блогер во Русија, кој пишува за политиката, религијата и природната средина. Тој изјави дека сега има намера да отвори блог за европската култура и традициите. Тој рече дека неговата преселба во Прага не е поврзана со руската истрага за тврдењата на неговата поранешна сопруга дека тој сексуално злоупотребил малолетна девојка пред 15 години во Норвешка. Adagamov ги отфрли обвинувањата како "бесмислица".
XS
SM
MD
LG