Достапни линкови

logo-print

Кипар: Подготвени сме за нови односи со Турција


Подготвени сме за нови односи со Турција, изјави новиот кипарски претседател Никос Анастасиадис, додавајќи дека го поддржува членството на Анкара во ЕУ.
Ветувајќи дека ќе ги застапува интересите на сите кипарски граѓани, Анастасиадис се обрати и кон кипарските Турци, нагласувајќи дека ја презема одговорноста за гарантирање на нивните права и има за цел во најкус рок да се постигне решение за кипарскиот проблем.
Осврнувајќи се на односите на Кипар со ЕУ, Анастасиадис изјави дека од Унијата очекува праведен, а не посебен однос.
- „Очекуваме солидарност од нашите европски партнери и што е можно побрзо ќе преговараме за склучување договор за кредит“, изјави кипарскиот претседател, кој вчера официјално стапи на должноста.
XS
SM
MD
LG