Достапни линкови

СДСМ со непроменет став за локалните избори


СДСМ го поздравува интересот што меѓународниот фактор го покажува за настаните во Македонија и смета дека тоа е добро за земјата. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната посета на еврокомесарот Шефан Филe, рече дека лидерот на партијата Бранко Црвенковски ќе има средба со Филе, а за се она што ќе произлезе од сите средби очекуваат канцеларијата на Европската комисија да ја извести јавноста.
Тој повтори дека доколку не дојде до политички договор за излез кризата, СДСМ и Сојузот за иднината јасно го искажаа својот став, дека ќе одат на активен бојкот на локалните избори.
За предлогот од власта, рече дека тоа е апсолутно несериозен. Инаку, опозицијата денска протестираше пред Министерството за финансии.
XS
SM
MD
LG