Достапни линкови

Златна зора ја буди грчката „национална свест“


Грција - партиското знаме на „Златна Зора“

Грција - партиското знаме на „Златна Зора“

Грчката крајно десничарска „Златна зора“ ја брани својата одлука да им држи на деца партиски часови по грчка историја. Претходно, грчкото Министерство за образование оцени дека ниту една партија нема право да манипулира со децата.

Ќе продолжиме да држиме курсеви на национално будење за нашите мали пријатели.
Министерството за образование соопшти дека ниедна партија нема право да манипулира со децата, додека главната опозициска радикално левичарска партија Сириза ја обвини Златна зора дека им го мие мозокот на децата со националистичка пропаганда. Најпродаваниот дневен весник во Грција „Та Неа“ на насловната страница дури предупредува дека оваа неонацистичка група ги учи децата на омраза.

Ова беше одговорот на Златна зора по критиките за тоа што деновиве во една своја канцеларија во близина на Атина почна да дава часови по грчка историја. На првиот час имало 20 деца, меѓу 6 и 10 години, чии родители се согласиле да ги испратат на таков вид настава.

Златна зора тврди дека станува збор за часови за национално освестување во грчки дух. Партијата вели дека преку едукативни видео материјали за античките грчки богови и за христијанската вера ги учи децата за грчките идеали.

Владата и умерените партии ја осудија ваквата дејност на Златна зора која ја отфрла етикетата дека е националистичка, но која не крие дека е основана врз нацистичка литература.

Никој нема право да манипулира со деца!

Министерството за образование соопшти дека ниедна партија нема право да манипулира со децата, додека главната опозициска радикално левичарска партија Сириза ја обвини Златна зора дека им го мие мозокот на децата со националистичка пропаганда. Најпродаваниот дневен весник во Грција „Та Неа“ на насловната страница дури предупредува дека оваа неонацистичка група ги учи децата на омраза.
Лидерот на Златна Зора Николаос Михалолиакос

Лидерот на Златна Зора Николаос Михалолиакос


Златна зора, која често пати е обвинувана за напади врз имигранти, се појави со почетокот на тешката економска криза во Грција и на ланските парламентарни избори доби скоро 7 насто од гласовите. Партијата профитираше од бесот на гласачите спрема главните две партии Пасок и Нова демократија, како и од шестгодишната рецесија која доведе до остри мерки за штедење и до стапка на невработеност од 27 проценти. Така Златна зора доби 18 пратеници во парламентот и во моментот, според анкетите, е третта најпопуларна партија во Грција. Таа функционира врз воена дисцплина и не испушта ниту една шнаса да га напаѓа грчкиот политички естаблишмент за корупција.

Во јануари годинава, Златна зора го нападна и многу почитуваниот грчки претседател Каролос Папуљас дека бил дел од цитираме: „благородна класа на предавници и продадени политичари“.

Пратениците на оваа партија често пати се обвинуваат и за агресивно однесување спрема нивните политички опоненти. Против некои од нив се води судски процес за напад на левичарски пратеници во една телевизиска емисија. Организациите за човекови права постојано ја обвинуваат грчката полиција дека ги затвора очите во врска со активностите на оваа партија, особено нападите врз имигрантите.

Се верува дека Златна зора е многу популарна и меѓу грчките полицајци кои биле деморализирани поради намалувањето на нивните плати, предизвикано од економската криза за која, меѓу другото, се обвинуваат и имигрантите. Деновиве беа упасени двајца полицајци поради уценување на имигранти од Пакистан.

Како и да е, мерките за штедење го поттикнаа екстремизмот во Грција. Во почетокот на февруари полицијата уапси двајца ограбувачи на банка за кои се испостави дека биле членови на левоектсремистичката група „Заговор на огнените ќелии“ која ја има преземено одговорноста за серија бомбашки напади во Грција.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG