Достапни линкови

Тачи: нема да има Република Српска на северот на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи, на вонредна прес конференција, на која пред новинарите го прочитал говорот подготвен за пратениците во парламентот, изјави дека на граѓаните на Косово треба да им биде јасно и да бидат сигурни дека дијалогот кој се води со Србија нема да донесе никави последици за земјата. „Имаше шпекулации кои спомнуваат Република Српска, специјален статус или автономија за северот. Јас ви гарантирам дека ваквите проекти се само во главите на следбениците на Слободан Милошевиќ. Таквите проекти никогаш нема да се имплементираат. Никогаш во Косово нема да има Република Српска, никогаш нема да има автономија, никогаш нема да има специјален статус“, изјави Тачи.
Тој нагласи дека асоцијацијата на српски општини нема да има компетенции на извршна власт.
XS
SM
MD
LG