Достапни линкови

ММФ бара од Хрватска да го намали трошењето


Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која беше во посета на Хрватска, констатира дека земјата се соочува со се поголеми проблеми и треба значително да ги намали своите трошоци. Решението кое го предлага ММФ е фискална консолидација и структурни реформи, намалување на трошоците за пензии и здравство и внесување на измените во Законот за работни односи. Хрватските власти треба веднаш да ги спроведат долго одложуваните реформи во пензискиот систем и измените во Законот за работни односи, како и да се намалат инвестициските блокади, се наведува во заклучокот на мисијата на ММФ.
Според експертите од ММФ, реформата во пензискиот систем треба да се спроведе колку е можно побрзо, бидејќи при структурните реформи е потребно извесно време додека тие почнат да даваат резултат.
XS
SM
MD
LG