Достапни линкови

logo-print

Несогласувања дали Тимошенко да биде во болница


И покрај коментарите на украинските лекари дека поранешната премиерка Јулија Тимошенко не треба да биде хоспитализирана, германските лекари кои ја прегледаа, препорачуваат Тимошенко да продолжи да се лекува во болница. Украинскиот заменик министер за здравство Олександр Качур изјави дека Тимошенко барала „натамошно вежбање“ поради проблемите со грбот, но истакна оти такви вежби може да се прават и надвор од болница. Качур додаде дека тој ќе ја почитува препораката од германските лекари.
Тимошенко в понеделник треба да се појави пред судот во Киев, за да се соочи со обвиненијата за даночно затајување и проневера.
XS
SM
MD
LG