Достапни линкови

Прифатено признанието на војникот кој соработувал со Викиликс


Бредли Менинг

Бредли Менинг

Американски воен судија го прифати признанието на вината по 10 обвиненија од војникот кој испратил илјадници доверливи документи до Викиликс. Бредли Менинг вчера ја призна вината за 10 полесни обвиненија, кои би можеле да му донесат затворска казна до 20 години ако биде осуден. Менинг не ја призна вината за 12 посериозни обвиненија, меѓу кои и помагање на непријателот, за што казната е доживотен затвор.
Обвинителството соопшти дека има намера да ги продолжи овие 12 обвиненија на процесот кој треба да почне во јуни.
XS
SM
MD
LG