Достапни линкови

Денис Родман се сретна со Ким Јонг Ун


Ким Јонг Ун

Ким Јонг Ун

Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кому му рекол дека има доживотен пријател. Родман, кој играше за Детроит Пистонс и за Чикаго Булс, допатува во Северна Кореја со неколку играчи од Харлем Глобтротерс за да снимат епизода за една американска телевизија. Ким, познат како љубител на кошарката, седеше вчера до Родман и го гледаше натпреварот меѓу Глобтротерс и севернокорејски кошаркари, кој заврши нерешено 110:110.
Посетата на Родман доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Пјонгјанг и Вашингтон по последната нуклеарна проба на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG