Достапни линкови

logo-print

Хосе Емилио Пачеко годинaшен лауреат на СВП


Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата. Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Член е на Мексиканската академија на науките и уметностите. Тој добивањето на „Златниот венец“ го доживува како најдобар надомест кој можел да го добие за половина век работа, со оглед дека годинава се навршуваат педесет години откако се појави неговата прва стихозбирка „Елементите на ноќта“.
XS
SM
MD
LG