Достапни линкови

Брачен пар на патување до Марс


Американскиот мултимилионер Денис Тито планира да испрати брачна двојка на мисија до Марс како инспирација за идните генерации. 72 годишниот Тито во 2001 година стана првиот турист во Вселената за што плати 20 милиони долари. Патувањето до Марс би траело 500 денови, а брачната двојка нема да слета на Марс. Почетокот на мисијата е планиран за 2018 година. Денис Тито не открива колку би чинела оваа мисија, но експертите пресметале дека би биле потребни околу 2 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG