Достапни линкови

Бенедикт 16, последен ден како Папа


Папата Бенедикт 16 денеска го минува последниот ден како поглавар на Римокатоличката црква. Тој денеска треба да се сретне со кардиналите и во нивно присуство да го уништи златниот „Рибарски прстен“ што специјално се исковува за секој нов папа. Со уништувањето на прстенот симболично се означува крајот на неговото владеење со црквата. 85 годишниот Бенедикт е првиот понтиф кој дава оставка во изминативе шест векови. Тој претходно изјави дека нема доволно физичка и духовна сила за да ја продолжи функцијата во светот кој брзо се менува. По 20 част по средноевропско време настапува периодот познат како „Седе Ваканте“ во кој еден од кардиналите привремено владее со Римокатоличката црква, се додека не биде избран нов папа.
XS
SM
MD
LG