Достапни линкови

logo-print

Средба Оланд - Путин во Москва


Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд.

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да се состанаат во Москва. Пред средбата, Оланд за руските медиуми изјави дека тој ќе побара од Путин помош во повлекувањето на француските сили и опрема од Авганистан. Исто така медиумите пренесоа изјава на Оланд, кој вели дека Франција нема намера да го крши ембаргото за набавка на оружје на фракциите во Сирија. Оланд изјави и дека се надева оти ќе се стави крај на сириската криза. Според прес службата на Кремљ, на дневен ред на разговорите ќе бидат соработката меѓу Европската унија и Русија, борбата против нелегалната трговија со дрога и тероризмот.
XS
SM
MD
LG