Достапни линкови

Почнува средба на групата „Пријатели на Сирија“


Сирија.

Сирија.

Групата „Пријатели на Сирија“, денеска во Рим ќе имаат средба на која се очекува САД и европските земји да ја објават намерата да обезбедат помош за борците кои се спротивставија на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Претставници од десетина земји треба да се состанат со главната опозициска Сиријска група на разговори за можните начини за напредок во речиси двегодишниот конфликт во Сирија.

Новиот американски државен секретар Џон Кери пристигна во Рим од Париз, откако со француските власти дискутираше за ситуацијата во Сирија.
Сириската опозиција првично одби да учествува на состанокот во Рим, но го промени својот став по изјавите на Кери дека на состанокот ќе бидат разгледани конкретни предлози.
XS
SM
MD
LG