Достапни линкови

logo-print

Наполитано ја откажа средбата со Штајнбрук


Опозицискиот кандидат за германски канцелар Пеер Штајнбрук.

Опозицискиот кандидат за германски канцелар Пеер Штајнбрук.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано ја откажа договорената вечера со опозицискиот кандидат за германски канцелар Пеер Штајнбрук, откако тој ги нарече кловнови лидерите на двете најголеми коалиции во Италија.

Штајнбрук, како кандидат на Социјал-демократската партија треба да и биде против-кандидат на канцеларката Ангела Меркел на изборите во септември.

Коментирајќи ги резултатите од изборите во Италија на кои Движењето пет ѕвезди на комичарот Бепе Грило освои најмногу гласови, пред партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони, Штрајнбрук изјави:

„Едниот е професионален кловн, кој не се навредува ако го наречеш така, Грило, и другиот кој очигледно е кловн поттикнат од тестостерон.“

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано беше во Берлин и имаше закажано вечера со Штајнбрук, но откако дневниот весник Билд ја објави изјавата на германскиот политичар, Наполитано изјави: „Средбата веќе не е можна со оглед на неговите забелешки“.
XS
SM
MD
LG