Достапни линкови

Блејк- Централна Азија се соочува со предизвици


Американскиот помошник државен секретар за Јужна и Централна Азија Роберт Блејк.

Американскиот помошник државен секретар за Јужна и Централна Азија Роберт Блејк.

Американскиот помошник државен секретар за Јужна и Централна Азија Роберт Блејк пред конгресниот комитет за надворешни работи изјави дека, иако САД не гледаат „непосредна исламистичка милитантна закана во државите од Централна Азија“, Исламското движење на Узбекистан бара можност за зголемување на своето присуство во регионот, како дел од долгорочната стратегија за засилување на влијанието. Блејк рече дека централноазиските држави се соочуваат со предизвици кои може да го поттикнат радикализмот и да ги загрозат американските интереси во регионот. Тој рече дека САД работат со тамошните влади да им помогнат да ги надминат прекуграничните предизвици како тероризмот или ширењето на оружјето, но дека Вашингтон нема да престане да врши притисок врз лидерите во регионот за важноста од имплементирање демократски реформи и почитување на човековите права.
XS
SM
MD
LG