Достапни линкови

Тајланд и муслиманската бунтовничка група започнаа мировни преговори


Тајландската кралска гарда.

Тајландската кралска гарда.

Тајланд потпиша договор со муслиманската бунтовничка група, според кој треба да се започнат преговори за ставање крај на долгогодишното востание.

Тајландски безбедносни претставници и претставник од Националната бунтовничката група Барисан потпишаа договор за почеток на мировни преговори. Неодамна се зголеми насилството во областа долж тајландско-малезиската граница, кадешто деветгодишниот бунт однесе повеќе од 5.500 жртви. Потпишувањето на Договорот, доаѓа на само неколку часа пред состанокот на премиерите на Тајланд и на Малезија. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на мировните преговори меѓу претставниците на тајландската влада и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG