Достапни линкови

logo-print

Интернетот како бегство од политичката пропаганда


Лого на твитер заедницата за сатирични политички постови.

Лого на твитер заедницата за сатирични политички постови.

Во ситуација кога политичката пропаганда го загадува медиумскиот простор не оставајќи место за критика, интернетот станува бунтовничко засолниште за оние кои не сакаат да и подлегнат на пропагандата.

Пола Македонија под вода, а пола Маџари без вода. Е тоа е тој баланс на работите, во Македонија. Патриотизмот се мери во метри квадратни, знаењето е сила, мерцедес – Е класа е моќ. Не е е важно која година сме, Македонија е вечна. Глумците пеат, глумците водат, глумците протестираат, глумците градоначалникуваат. Да не беше интернетов, ќе требаше телевизија да гледаме. А ќе има ли протести пред Индиското регулаторно тело СЕБИ и Врховниот суд на Индија за блокирањето на сметките на Рој, а? Ова се дел од познатите коментари на Влатко Васиљ, кој на социјалните мрежи секојдневно пишува за она што не опкружува. Тој вели дека општество без критика е општество што умира, а општество без хумор и без критика е општество што мачно умира.
Сатирата игра огромна улога бидејќи нашето општество колку и да се правиме дека не гледаме или сме со наведната глава, дека е подложено на многу пропаганда, посебно на многу голема политичка пропаганда. Јас стално го зимам за пример и она владино отварање на канти за ѓубре, значи доаѓа владата и ги отвара и тоа се лепи секаде низ медиумите и се прави да изгледа како нешто што досега никој не го направил. И врз основа на тоа како да не направиш сатира од типот „ Се плашам да отворам новчаник, не дека ми е празен, туку ќе ми дојдат од владата, а ќе немам што да ги почестам“, што мислам дека е добра забелешка.

„Сатирата игра огромна улога бидејќи нашето општество, колку и да се правиме дека не гледаме или сме со наведната глава, дека е подложено на многу пропаганда, посебно на многу голема политичка пропаганда. Јас секогаш го земам за пример и она владино отварање на канти за ѓубре, значи доаѓа владата и ги отвара и тоа се лепи секаде низ медиумите и се прави да изгледа како нешто што досега никој не го направил. И врз основа на тоа, како да не направиш сатира од типот „Се плашам да отворам новчаник, не дека ми е празен, туку ќе ми дојдат од владата, а ќе немам што да ги почестам“, што мислам дека е добра забелешка.“

Тој додава дека сарказмот за него преставува имунолошки систем.

„Сепак кој би те набедил за нешто кога го вртиш на смеа, иако го мислиш и го кажуваш многу сериозно, кога ќе употребиш зачини на хумор, тоа сепак дава доза на одбрана.“

РСЕ: Колку во денешното политизирано општество, луѓето го препознаваат сарказмот?

„Јас очекував многу повеќе да го препознаваат, но се уште сме сиромашни во тој поглед, иако почнуваат да го препознаваат.“
Пропагандата има некој свои формули кои не можат да се пробијат со сатира, и значи треба да сме свесни за тоа, но сатирата треба да биде моќно оружје, кога сите средства ќе понедостасаат, значи кога немате што, вие се пофаќате кон сатирата, не како последно средство, туку како нешто што може да ја смени реалноста.

Во панел дискусијата на Енгејџ која деновиве се одржа во МКЦ, комуниколот Сеад Џигал изјави дека сатирата како сериозен општествен чин треба произведе ефекти и може да се бори против пропагандата.

„Пропагандата има некој свои формули кои не можат да се пробијат со сатира, и значи треба да сме свесни за тоа, но сатирата треба да биде моќно оружје, кога сите средства ќе понедостасаат, значи кога немате што, вие се пофаќате кон сатирата, не како последно средство, туку како нешто што може да ја смени реалноста.“

Политичкиот хумор и сатира треба да бидат дел од општествениот коректив во секое демократско општество но во земјава честопати служи само како издувен вентил за граѓаните, велат комуниколозите.

Македонската твитер-заедница го користи хаштагот #Ж како симбол кој се однесува на премиерот Никола Груевски и #БЦ која служи како кратенка за опозицискиот лидер Бранко Црвенковски. Честопати во тој кластер се наоѓаат забавни и критички постови, но и коментари на граѓани кои се незадоволни и разочарани од политичарите и нивното однесување.

Во ситуација кога политичката пропаганда го загадува медиумскиот простор не оставајќи место за критика, интернетот станува бунтовничко засолниште за оние кои не сакаат да и подлегнат на пропагандата. Причината за тоа Васиљ ја гледа во можноста што ја нуди интернетот во потрагата по информации, а тоа е согледувањето на двете страни, а со тоа и можност човек сам да донесе заклучоци и ставови за општествените случувања наместо да ги „голтне“ веќе пласираните ставови.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG