Достапни линкови

logo-print

Неодржуваните брани - темпирани бомби


Слатинско езеро во близината на Охрид.

Слатинско езеро во близината на Охрид.

Последниве денови дојде до оштетување на браната на Слатинско Eзеро во близината на Охрид, а критична е состојбата и со браната Пишица кај Пробиштип.

Браните и вештачките акумулации во Македонија изградени пред педесет и повеќе години се препуштени сами на себе и во нив не е инвестирано, велат добрите познавачи на приликите. Според нив тоа е причината зошто сега ни се случува она што се случува, излевање, нарушување на нивната статика, отварање на процепи за кои е потребна добра и стручна санација.
Сите овие објекти се запоставени и треба да се санираат сите брани за да не дојде во вакви несакани последици. На сите брани кои се изградени порано секаде има процепи кои пропуштаат вода. Сите се ризични по населението, правни субјекти и по куќите.

Последниве денови дојде до оштетување на браната на Слатинско Eзеро во близината на Охрид, а критична е состојбата и со браната Пишица кај Пробиштип.

Радован Димитриевски од СРК Свети Апостол Петар од Охрид , вели дека состојбата е иста речиси на сите постари брани. Во годините наназад не е направена некоја соодветна интервенција или пак реконструкција, иако тие вештачки езера се изградени со одредена цел.

„Сите овие објекти се запоставени и треба да се санираат сите брани за да не дојде во вакви несакани последици. На сите брани кои се изградени порано секаде има процепи кои пропуштаат вода. Сите се ризични по населението, правни субјекти и по куќите“, рече Димитриевски.

На браната во Слатино секоја година се отвара по некоја нова дупка и потоа се затвараат само со некоја пена. Ние очекувавме дека ќе случи она што сега се случи, рече Димитриевски според кого на некои брани им е потребна и комплетна реконструкција.

Во слична состојба е и браната Турија кај Струмица која во 2011 година попуштила. Спасе Василев е рибар од Радовиш и член на здружение на рибари. Според него поради неодржувањето на браните во Македонија тие сега се еден вид темпирани бомби.

„Имаше голем процеп, на кој цело лето работеше една фирма која го санираше само површински сето тоа со малтер колку да им ги замачка очите на народот. После две години сега во јануари браната пак попушти. Ова ни се случува затоа што со години наназад не е обрнато внимание на тие брани. Тие се темпирани бомби, не дај боже да пукне Турија отиде цело поле, за секунда ќе снема многу села“, вели Василев.

Државата наместо да гради толку многу споменици, да посвети поголеми внимание на капитланите објекти градени во минатото, велат граѓаните.

„Оваа власт треба по секоја цена да се казни. Начинот на живеење не е ист како порано. Ова е грешка на владата. Дадени се под концесија , а никој не води грижа за браните. Некој има кривица.“

„За браната државата треба да води сметка. Тие чекаат да падне браната па да се испушти водата“, велат анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG