Достапни линкови

Најмалку 17 загинати во напади во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 17 луѓе загинаа во напад од Талибанците врз контролен пункт на полицијата во источен Авганистан, соопштуваат властите. Во нападот во провинцијата Андар биле убиени 10 полицајци и седуммина цивили. Локални функционери кои инсистираа на анонимност за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа изјавија дека се уапсени двајца луѓе, за кои сè уште не се знае дали се полицајци или милитанти кои се претставувале како полицајци. Тие се осомничени дека ги дрогирале жртвите пред да бидат убиени, но гувернерот изјави дека не може да ја потврди таа информација.

Бомбаш самоубиец, пак, се разнесе во пред автобус кој превезувал вработени во армијата во Кабул, при што биле повредени најмалку шест војници и четворица цивили.

Талибанците ја презедоа одговорноста за двата напади.
XS
SM
MD
LG