Достапни линкови

Владата донесе мерки за справување со последиците од поплавите


Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Владата донесе сет мерки за справување со последиците од врнежите и поплавите што деновиве ја зафатија Македонија. Го задолжи Координативното тело за поплави на сите места каде што недостасува вода за пиење да обезбеди цистерни или флаширана вода, сите општини и Градот Скопје да ја активираат механизацијата на јавните и комунални претпријатија за интервенции, а министерствата за одбрана и за внатрешни работи да ги стават на располагање хеликоптерите, чамците и останата соодветна опрема за помош на населението во најкритичните места.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, донесени се и специјални мерки на дејствување на медицинските служби, како и препораки до населението за заштита на здравјето.

На жителите од радовишкото село Злеово кое остана целосно отсечено по уривање на мостот на Стара Река денеска со хеликоптер им беа доставени лекови, чиста вода за пиење и медицинска помош.
XS
SM
MD
LG