Достапни линкови

И покрај повикот на меѓународната заедница за решавање на политичката криза во земјата, власта и опозицијата остануваат на своите ставови.

Иако претставниците на Меѓународната заедница вчера упатија уште еден повик за конечно решение на моменталната политичка криза, опозицискиот СДСМ на Централен одбор ја потврди одлуката за дефинитивен бојкот на локалните избори. Според генералниот секретар на партијата одлуката била донесена со консензус и истата ја поддржале и коалициските партнери.
Излезот на кризата не е на повидок, напротив таа повеќе се продлабочува, а заложници на таквата криза се државата, државните интереси, граѓаните на Македонија.

Централниот одбор заседаваше откако вчера владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија изгласа измени во Изборниот законик за продолжување на рокот на кандидирање за локалните избори до 3 март.

Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска изрази жалење за одлуката на Централниот одбор на СДСМ.

Она што треба сега да го направиме е да ги консолидираме демократските институции внатре, за потоа многу побргу да можеме да го градиме имиџот повторно на меѓународна сцена. Меѓутоа она што е најбитно во моментот е возобновување на некои легитимни демократски институции во кои ќе можат да учествуваат и граѓаните.
„Ние подадовме рака, штета е што СДСМ донесе лоша одлука. Сепак, до недела остануваат уште неколку дена. Верувам дека ќе размислат добро за тоа да донесат праведна одлука и да не се вметнува земјата во непотребна политичка криза, да не се креираат проблеми и да останеме на патот на евроатлантските интеграции“, изјави Ставрески.
Инаку вчера преку заедничка изјава шефовите на ОБСЕ, САД и ЕУ побараа од политичките лидери во земјава да преземат одговорност и без одложување да стават крај на актуелната политичка криза во земјава.

Како што растат тензиите и нема решение на повидок, политичките аналитичари прогнозираат продлабочување на политичката криза. Според Насер Зибери политичките суети на лидерите на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ се премногу големи, а нетрпеливоста меѓу нив е преголема и не дозволува да воспостават директен дијалог како обид да се надминат недоразбирањата.

„Сметам дека има една сериозна доза на нимозитет и нетрпеливост меѓу двајцата и тоа е една од причините зошто не се седнува. Доколку секој цени дека аргументите се на негова страна, тогаш не гледам никаква причина зошто да не се седне и да не се изнесат аргументите и да се направи напор да се убеди другата страна.“

Со ова се согласува и политикологот Кире Василев. Со цел да не се предизвикаат натамошни негативни ефекти од кризата, Василев сугерира дека е потребно брзо консолидирање на демократските институции во државава.

„Она што треба сега да го направиме е да ги консолидираме демократските институции внатре, за потоа многу побргу да можеме да го градиме имиџот повторно на меѓународна сцена. Меѓутоа она што е најбитно во моментот е возобновување на некои легитимни демократски институции во кои ќе можат да учествуваат и граѓаните.“

Зибери укажува дека кризата нема да се реши се додека двете страни комуницираат преку партиските соопштенија и прес конференции.

„Излезот на кризата не е на повидок, напротив таа повеќе се продлабочува, а заложници на таквата криза се државата, државните интереси, граѓаните на Македонија“, изјави Зибери.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG