Достапни линкови

Бесими во Брисел се сретна со Ховит


Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, на денешната средба со македонскиот министер за евроинтеграции Фатмир Бесими во Брисел, како што јави МИА, најавил дека утре ќе го посетел Скопје за да разговара за кризата со политичките лидери.
Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, како што е познато, го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија. Бесими, денеска треба да се сретне и со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе ќе разговара за Пристапниот дијалог и актуелната политичка криза во Македонија.
XS
SM
MD
LG