Достапни линкови

Иран со позитивна оценка на разговорите во Алмати


Преговарачот на Иран, Саед Џалили

Преговарачот на Иран, Саед Џалили

Иран позитивно ги оцени дводневните разговори со 6 те светски сили во Алмати и најави дека е постигнат договор за експертска средба на 18 Март во Истамбул и нова рунда на 5 и 6 Април повторно во Алмати.
Преговарачот Саед Џалили изјави дека Техеран е отворен за соработка во однос на продукцијата на збогатен ураниум.
Светските сили му понудиле на Иран нови иницијативи, меѓу кои и олеснување на санкциите, за да се откаже од збогатувањето на ураниум - процес што може да се користи за изработка на атомско оружје.
XS
SM
MD
LG