Достапни линкови

Оружје од екс-Југославија во сиријскиот конфликт


Употребата на социјалните медиуми од страна на опозициските групи и активистите во Сирија им дозволува на оние што ги следат овие извори поинаква форма на увид во конфликтот од порано. Ова се наведува во текстот објавен во „Њујорк тајмс“ во кој се додава дека видеата нудат докази за посебен проток на нови оружја во Сирија, кој весникот го идентификува како „саудиски финансирани пратки на оружје од Хрватска“.

Илјадниците видеа со активности на завојуваните групи што секој ден се постираат на Јутјуб на аналитичарите им овозможуваат да изградат слика на настаните во Сирија што во поранешните војни не беше возможно.

Овие видеа, најчесто се разменуваат преку Твитер и Фејсбук и им нудат на експертите да ја следат скоро во реално време ескалацијата на конфликтот на девете страни, вклучувајќи употреба на касетни и запалливи бомби, но и можни воени злосторства било да се направени од власта или опозицијата, пишува во текстот на „Њујорк тајмс“ во кој се прецизира дека Јутјуб е посредник за следењето на снабдувањето со оружје.
Интересено е што ова оружје никогаш не било користено од сиријската армија, а досега ни од сиријската опозиција. Исто така изгледа дека вакво оружје користат само умерените групи кои се поврзани со Слободната сиријска армија, а не и џихадистите и салафистичките групи како Фронтот Ал Нусра кој Соединетите Држави го ставија на листата на терористички организации.

На пример, преку ваквите снимки годинава е забележано оружје што воопшто не било застепено во претходните две години на сиријскиот конфликт.

Станува збор за ракетни антитенковски фрлачи М79 Оса и пушки од типот М60 кои поттекнуваат од поранешна Југославија и по нејзиното распаѓање биле користени во Србија, Хрватска и Македонија. Првото вакво оружје било забележано од блогерот Елито Хигинс во јануари и тоа во судирите во регионот Дара во близина на Јордан.

На снимките се гледа антитенковско оружје и лансери за гранати кое биле употребувани во Хрватска, се наведува во написот на „Њујорк тајмс“ во кој се додава:

„Интересено е што ова оружје никогаш не било користено од сиријската армија, а досега ни од сиријската опозиција. Исто така изгледа дека вакво оружје користат само умерените групи кои се поврзани со Слободната сиријска армија, а не и џихадистите и салафистичките групи како Фронтот Ал Нусра кој Соединетите Држави го ставија на листата на терористички организации.“

Присуството на ново пристигнатото оружје од поранешна Југославија во северниот дел на Сирија сугерира две можни линии на снабдување, едната од Јордан и другата од Турција.

Конечно овие видови на оружје нудат и извесен степен на контрола врз оние што се снабдуваат со него. М79 Оса и М60 употребуваат муниција која не е многу честа во регионот. Тоа значи дека ако снабдувачот ја прекине испораката на муниција тоа ќе претставува помала закана, што е идеална околност за секој кој сака да го ограничи прелевањето на сиријската војна.

Оружјето, како што пишува весникот „Њујорк тајмс“, почнало да пристигнува во декември, а пратката, главно од Хрватска ја финансирала Саудиска Арабија. Се наведува дека станува збор за оружје кое останало од војните кои во деведесеттите години на минатиот век се водеа на Балканот. И Хрватска и Суадиска Арабија ги отфрлаат наводите за такви пратки.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG