Достапни линкови

Депримира што Македонија не ги почнува преговрите со ЕУ


Македонија е подготвена за почеток на пристапните договори со Унијата, но депримирачки е кога нема одговор од Европскиот совет изјави во интервју за порталот „Еуроактив.цз“,, Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, јави МИА.На прашањето дека билатералните односи на Македонија со нејзините соседи, Грција и Бугарија не се одвиваат позитивно, Филе одговара дека „со таква оценка целосно не би се согласил“. Тој додава дека на земјите членки им е укажано дека во рамки на предлогот за мандат на преговорите „постои подготвеност за обезбедување одредени гаранции дека името на земјата ќе биде решено пред завршувањето на преговорите за пристапување". Според Филе, не постои „замор" од проширувањето туку замор од реформите во кандидатите кои наместо да се свртат кон европска агенда, стануваат жртви на домашната политика. Тоа, според Филе, е случај со Албанија или со Поранешната Југослованска Република, каде внатреполитичките спорови ги ставаат настрана реформите потребни за приближување кон стандардите на ЕУ, оцени еврокомесарот Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG