Достапни линкови

Металург пред нов историски подвиг


Во осминафиналниот двомеч, наредниот месец Металург ќе ги одмери силите со белорускиот Динамо Минск. Станува збор за ривал против кого „металурзите“ имаат реални шанси за вкупна победа, особено и поради тоа што реваншот се игра во салата „Борис Трајковски“.

Македонскиот ракометен првак Металург се наоѓа пред нов историски подвиг, пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Според рејтингот Динамо Минск беше најпосакуван за нас, но, сепак се работи за добра екипа. Имаат сличен систем како нашиот, повеќе белоруски репрезентативци засилени со рускиот репрезентативец Алтман. Шансите се 50-50, ќе биде тешко, нема да биде лесно како што можеби многумина очекуваат. Сепак, ние сме искусна екипа, ќе дадеме се од себе, реваншот го играме во Скопје што мислам е мала предност, па сите заеднички да прославиме четвртфинале.

Ова е едногласното мислење на домашната јавност откако вчерашната ждребка во Виена реши во осминафиналниот двомеч, наредниот месец (на 16/17 и на 23/24 март) Металург да ги одмери силите со белорускиот Динамо Минск. Станува збор за ривал против кого „металурзите“ имаат реални шанси за вкупна победа, особено и поради тоа што реваншот се игра во салата „Борис Трајковски“. Тоа носи оптимизам меѓу избраниците на тренерот Лино Червар, кои сепак, не дозволуваат да ги зафати еуфорија, а првотимецот Филип Миркуловски, вели:
Лино Червар, тренер на ракометниот клуб Металург.

Лино Червар, тренер на ракометниот клуб Металург.


„Според рејтингот, Динамо Минск беше најпосакуван за нас, но, сепак се работи за добра екипа. Имаат сличен систем како нашиот, повеќе белоруски репрезентативци засилени со рускиот репрезентативец Алтман. Шансите се 50-50, ќе биде тешко, нема да биде лесно како што можеби многумина очекуваат. Сепак, ние сме искусна екипа, ќе дадеме се од себе, реваншот го играме во Скопје што мислам е мала предност, па сите заеднички да прославиме четвртфинале.“
Верувам во Металург, бидејќи и целата јавност мислам дека го посакуваше Динамо Минск. Вака шансите се 50-50 и треба да ја искористиме таа шанса.

За остварување на оваа цел, според Миркуловски, неопходно ќе биде и здравствените малери да запрат по минатонеделната повреда на левото крило Дејан Манасков (скинати лигаменти на коленото). За него оваа сезона е завршена, поради што клубот вчера го ангажира Словенецот Давид Коразија. Во Металург веруваат дека тој ќе има доволно време за да се вклопи во тимот кој прими најмалку голови во досегашниот тек од Лигата на шампионите, односно во гранитната одбрана, која треба да биде пресуден фактор во битката за остварување на најголемиот успех на македонскиот клупски ракомет.

„Покрај реваншот на домашен терен, одбраната е секогаш нашиот адут. Доколку ги спречиме нивните контри, имаат две брзи крила, доколку го спречиме Алтман, тоа ќе биде пола завршена работа“, додаде Филип Миркуловски.

Слично размислуваат и љубителите на спортот. Тие се свесни дека првакот на Белорусија не е за потценување, но и веруваат дека меѓу осумте најдобри на Стариот континент ќе се пласира клубот од Автокоманда.

„Не се атрактивни тие тимови многу, ама се цврсти и јаки. Тешко ќе биде, но типувам на нашите. Во реваншот има надеж дека со публика ќе останеме победници.“

„Верувам во Металург, бидејќи и целата јавност мислам дека го посакуваше Динамо Минск. Вака шансите се 50-50 и треба да ја искористиме таа шанса.“

„Мислам дека годинава ја имаат најголемата шанса да дојдат до најголемиот успех во оваа фаза натпревари.“

„Се надевам затоа што Металург оваа година има навистина добра екипа и минатата заслужија да одат повеќе, но мислам дека оваа година се поискусни.“

„По сите логики мислам дека сме од нив малку поквалитетни и дека ќе одиме меѓу осум“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG