Достапни линкови

Разговорите меѓу Иран и 6 те сили завршија


Алмати

Алмати

Во Алмати денеска завршија дводневните разговори меѓу Иран и шесте светски сили. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека вчера имало напредок и дека се надева оти тоа може да биде добра основа за продолжување на преговорите.
Разговорите во име на САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија ги предводи шефот за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон. Разговорите во Алмати се први по рундата преговори во Москва пред осум месеци.
Светските сили му понудиле на Иран нови иницијативи, меѓу кои и олеснување на санкциите, за да се откаже од збогатувањето на ураниум - процес што може да се користи за изработка на атомско оружје.
XS
SM
MD
LG